сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Како пресликани: Ова е сестрата на Тања Савиќ – беше нејзина поддршка во најтешките мигови, а за овој празник пролеале РЕКА СОЛЗИ заедно

Како пресликани: Ова е сестрата на Тања Савиќ – беше нејзина поддршка во најтешките мигови, а за овој празник пролеале РЕКА СОЛЗИ заедно

Пејачката Тања Савиќ имаше тешка 2021-ва година. Таа водела сериозна „војна“ и судски спор со поранешниот сопруг Душан Јованчевиќ за старателството над децата, синовите Максим и Ѓорѓе.

Во оваа драма најголема поддршка за неа беше сопствената сестра Билјана. За разлика од Тања, Билјана живее мирен живот, далеку од очите на јавноста.

Таа минатата година почна да живее со Тања и нејзините деца во Смедерево, а пејачката одвреме-навреме објавува заедничка фотографија или видео, што го направи и сега на социјалната мрежа Инстаграм.

Сестринска љубов – напиша Тања под слика на која позира со сестра си.

Многумина веруваат дека тие двете многу си личат, а пејачката во една прилика откри дека 2022 година ја дочекала во прегратките на сестра си и дека и двете плачеле, затоа што се сетиле како ја дочекале 2021-ва година сами во станот, без децата на Тања.

Најнови вести