понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Како што обичаите на исламот налагаат: Вака семејството и пријателите ќе се простат од легендата на фолкот, Синан Сакиќ

Како што обичаите на исламот налагаат: Вака семејството и пријателите ќе се простат од легендата на фолкот, Синан Сакиќ

После големата борба со тешката болест, Синан Сакиќ почина на 1 јуни во семејниот дом во Белград. Телото е одвезено во неговата родна Лозница, каде ќе биде погребан денеска, на муслиманските гробишта.

Синоќа вратите на куќата во Лозница биле отворени за сите пријатели и смејството, кои изразиле сочувство и тагуваат за починатиот пејач. Телото половина час пред погребот ќе биде превезено на местото на последното почивалиште.

-Како што за време на животот припаѓаше на сите кои ја сакаат убавата музика и последниот поздрав на легендата на музиката ќе биде за сите пријатели и почитувачи, без оглед на полот и вероисповедта, додека исламските обичаи ќе бидат испочитувани на погребот – се наведува во соопштението за јавноста.

Најнови вести