петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Карлеуша пристигна во обвинителството: Ќе биде сослушана за случајот од Божиќ кога Душко се однесувал насилно со пејачката (ФОТО)

Карлеуша пристигна во обвинителството: Ќе биде сослушана за случајот од Божиќ кога Душко се однесувал насилно со пејачката (ФОТО)

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша пристигна во Првото основно јавно обвинителство во Белград, каде ќе биде сослушана како државјанин по повод пријавата на Божиќ, 7 јануари, дека нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, бил насилен кон неа.

Обвинителството го закажа рочиштето на Карлеуша за денеска, 8 април, по добиениот извештај од Центарот за социјална работа, кој беше побаран два дена по нејзината пријава.

Ова рочиште беше одложено пред две недели бидејќи пејачката не се појави во обвинителството.

Да потсетиме, полицијата на Божиќ отишла во нејзиниот дом откако пејачката пријавила дека нејзиниот сопруг бил насилен кон неа, а таа одбила да оди на преглед во здравствената установа и одбила да оди во полициска станица да даде изјава.

Тогаш на Тошиќ му беше забрането да се приближува и да комуницира со сопругата во траење од 30 дена. Карлеуша подоцна за медиумите изјави дека е во добри односи со сопругот.

Најнови вести