вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Катарина кажа ДА, но се предомислува за свадбата: Вереникот молчи, но неговите родители имаат други планови

Катарина кажа ДА, но се предомислува за свадбата: Вереникот молчи, но неговите родители имаат други планови

Катарина Грујиќ му кажа ДА на фудбалерот Марко Гобељиќ и тие ја најавија свадбата за следната година, но се чини дека сега се предомислува.

Според медиумите, пејачката прво сакала голема венчавка, но сега не мисли така. Извор близок на пејачката тврди дека сите одлуки се во нејзини раце, а вереникот оставил на неа да каже што ќе биде со свадбата.

-Марко е прекрасен, тој ја обожава Кача и ги исполнува сите нејзини желби, објаснува извор близок на пејачката и додава:

-Сепак, неговите родители испланираа голема забава, како што тоа го планираше Катарина по запросувањето.  Потоа ја слушнаа снаата како зборува дека нејзиното мислење се менува секој ден. Еден час би сакала да направи свадба со илјада гости, а следниот веќе има желба да оди некаде далеку со Марко и да си направат романтична свадба на плажа со дваесетина гости. Нејзина желба е тоа да биде некаде на море и сите гости да уживаат и да се забавуваат.

Но, родителите на Марко не мислат така.

-Важно е родителите на Марко да знаат сè однапред и тие сакаат да започнат со подготовките. Затоа тие инсистираат да знаат кога, каде и како снаата сака да ја прослави венчавката. Вака се премислува Катарина, паниката расте, а тие чекаат да им се каже кога можат да делат покани за свадбата. Марко не се меша во тоа. Како што ќе одлучи Кача, така и ќе биде. Тој дури и се пошегувал и рекол на својата мајка дека е возбудена како таа да треба да се омажи, заклучува изворот.

Најнови вести