вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЌЕ ИСКЕШИРА 200.000 ЕВРА ЗА СТАН ?! Дарко Лазиќ „одлепи“ за Барбара – сака да и подари луксузна недвижнина

ЌЕ ИСКЕШИРА 200.000 ЕВРА ЗА СТАН ?! Дарко Лазиќ „одлепи“ за Барбара – сака да и подари луксузна недвижнина

Фолкерот Дарко Лазиќ е подготвен да стапне на „лудиот камен“ со својата нова девојка и колешка Барбара Бобак, а сега наводно одлучил да и купи стан.

– Дарко е луд по неа, тој никогаш не се заљубил во жена толку како што се заљуби во Барбара. Тој им се доверил на своите пријатели дека сака да и купи недвижен имот и веднаш да го стави на нејзино име. Џабе му велат дека неодамна започнале врска и дека не треба да се залетува, не сака да слуша такви работи, си прави свое – открива добро информиран извор.

– Сака да и купи стан, за да живеат заедно во него, а неговата желба е таа официјално да биде сопственичка, бидејќи на тој начин би сакал да и покаже колку му значи. „Повторно ќе потроши 200.000 евра и ќе остане без ништо“, му рекле блиски луѓе кога слушнале што мисли, но Лазиќ не го интересираат коментари од тој тип – додава изворот.

– Што и да има намера, постигнува, така што секогаш е по негово. Неговата цел е да го купи станот до крајот на годината, а сигурен е дека Барбара е „вистинската“. Тој се уште не сака јавно да зборува за тоа, барем додека не го финализира сето она што го замислил – заклучува изворот.

Најнови вести