вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ќерката на Анета Молика е иста како мајка си: Пејачката сподели фотографија со нејзината копија која е вистинска убавица (ФОТО)

Ќерката на Анета Молика е иста како мајка си: Пејачката сподели фотографија со нејзината копија која е вистинска убавица (ФОТО)

Брачниот пар Анета и Џими Мицевски од бендот „Молика“ имаат ќерка која е вистинска убавица.

Пејачката деновиве сподели заедничка фотографија на Инстаграм со која ги воодушеви своите фанови. Од фотографијата можеме да заклучиме дека Моника неверојатно многу личи на својата позната мама.

Инаку, ова не е прв пат Анета да сподели фотографија на социјалните мрежи од својата наследничка, која и покрај талентот за пеење сака да биде заболекарка.

Анета и Џими се 18 години во брак, а на лудиот камен застанаа по една година романтична врска.

Пејачката покрај тоа што објавува фотографии на Инстаграм, таа и на својата официјална Фејсбук страница имаше неколку настапи во живо во изминатиов период.

Имено, за време на епидемијата, Анета со својот бенд „Молика“ објави неколку видеа со песни, а меѓу нив и познатата народна песна „Црна се чума зададе“, која беше снимена како одговор на ситуацијата во која што се наоѓаме.

Многу познати музичари и бендови, затекнати од епидемијата и новонастанатата ситуација, снимаа и објавуваа песни во изминатиов период, а Молика е една од нив. Таа изведе неколку песни во живо преку социјалните мрежи. Покрај „Црна се чума зададе“, таа ги изведе и песните „Гоце ми отиде во Солуна града“, „Печалбарска“ и „Песна ви пеам Македонци“ кои можете да го слушнете во продолжение.

Во продолжение погледнете и неколку тоалети со кои можете да го позајмите ова издание на Мицевска.

Најнови вести