Популарната пејачка Катарина Грујиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Марко Гобељиќ се потрудија на својата наследничка Катја да и обезбедат се најдобро и најквалитетно, па така и за нејзината количка потрошиле незамислива сума на пари за многумина.
Неодамна пејачката на својот Инстаграм профил сподели фотографија како со ќеркичката била во прошетка до најблиската црква во нејзиното поранешно маало каде сега живеат нејзините родители.
Од таму таа објави видео до количката во која лежеше малото бебе, па речиси сите следбеници веднаш ја забележаа посебната количка која чини брдо пари.
Станува збор за количка од познат бренд за која родителите одвоиле близу 1000 евра чија цена е официјална на нивниот сајт.
Пејачката и фудбалерот планираат свадба со 500-тини гости во месец јуни, додека минатата година потпишаа само граѓански брак во кругот на своите семејства.