Младата пејачка Елена Китиќ обожува тетоважи, ги има неколку на различни делови од телото, а сега одблиску ја покажа новата тетоважа пеперутка на своето лице.
Таа кон средината на март, на лицето, односно до самото уво истетовирала пеперутка, но до сега јасно и од блиску не ја покажала истата.
Многумина тврдат дека местото каде што ја истетовирала е необично и дека до сега не виделе тетоважа на тој дел од лицето, но тоа не е ништо чудно бидејќи атрактивната пејачка е доста оргинална.
„Супер тетоважа“, „Никогаш не сум видел дека некој има тетоважа на тоа место“, „Доста моќно изгледа“, „Елена, браво за оргиналноста“, се само дел од убавите коментари од нејзините обожаватели.
Инаку, пеперутката е чест избор на тетоважа кај жените и претставува симбол на убавина, љубов и се смета за заштитник на жените и борците кои паднале во војна.