Ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топачко предизвика бура на реакции откако се омажи пред два дена, а беше запросена минатата недела во Шпанија.
Имено Хелена Топаловиќ предизвика бура на реакции особено на нејзиниот Инстаграм профил откако сподели фотографии од длабокото деколте во црква, но и од сопругот кој беше свртен со грб.
Нејзините следбеници веднаш ја нападнаа дека овој невестински фустан воопшто не и личи за во црква, но и дека го крие мажот бидејќи е грд и постар од неа.
По ова таа се огласи на социјалната мрежа и им порача добро утро на сите хејтери.
-Добро утро од мене и мојот сопруг кој има 34 години. А вие како сте? Стои во нејзиниот опис на фотографијата на која се гледа нејзиното бујно деколте.
Откако се пишуваше и дека таа се омажила поради тоа што е бремена напиша:
-Се омажив на празен стомак. Немојте да се грижите, мажот не го кријам, туку не сакам да ја делам нашата приватност, вели таа.
Инаку партнерот на Хелена, Драган Алексиќ е поранешен сопруг на водителката Јелена Димитријевиќ со кого има и дете.