Пејачката Крстина Матановиќ ја запознаа сите на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ кога имаше 162 килограми, а потоа направи операција за намалување на стомакот и затегнување на кожата и сега има 70 килограми.
Крстина значително ослабе, па неодамна мораше повторно да оди на операција, овој пат за отстранување на вишокот кожа.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Ѕвездата на Гранд сега откри дека била изненадена кога неодамна стапнала на вагата, која покажала дека има 70 килограми.
View this post on Instagram
„Имав 162 килограми, а сега имам 70! Би сакала да изгубам уште само неколку килограми. Операциите за намалување на стомакот и затегнувањето на кожата беа тешки и двете беа успешни, фала богу! Отстранија многу кожа, јас не знам точно колку, а закрепнувањето беше тешко… Го следев советот на докторите и затоа немаше грешки. Сега јадам се, но многу помалку, а најмногу сакам чорби и овошје“, вели таа.
Крстина и додава дека не се кае што отишла под нож.
-Не се лесни операциите, но кога ќе го видам резултатот заборавам на се! Сега, после две и пол години и две тешки операции, свесна сум колку сум направила и колку сум посреќна сега! Блескам на секое поле и дај боже така да продолжи“, низ насмевка кажув а пејачката.
„Имам поголема самодоверба. Тоа е добро и за мојата работа, бидејќи покрај тоа што добро пеам, важно е и да изгледам убаво. Ова е прв пат да објавам слика во костим за капење без крпа над мене или криејќи некој дел од моето тело“, изјави пејачката која откако драстично ослабе, се разведе и се врати на моминското презиме Матановиќ, но набрзо си најде ново момче.
View this post on Instagram
„Мислев дека долго време нема да ми се случи нова љубов, но типот ме освои затоа што е посебен и затоа што е маж во вистинска смисла на зборот. Поради оваа причина, сакам да ја пеам мојата песната „Специјално“ на колешката Александра Младеновиќ“, откри пејачката и додаде дека нејзиното момче не ги сака медиумите:
„Мојот партнер не е од јавниот живот и не го интересира. Ако некогаш сака да биде дел од јавноста, ќе му ја исполнам желбата“.
View this post on Instagram