Во друштво на голем број пријатели и родини, Филип Живојиновиќ, синот на поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ, сопругот на Лепа Брена, го славеше раѓањето на синот Александар.
Неговата сопруга, пејачката Александра Пријовиќ се породи завчера во Белград, а Филип ги воодушевил сите на веселбата со натписот на маицата која ја носел: „На нас животот ни даде сѐ“.
Синот на Александра и Филип, во чија чест беше и веселбата, се вика Александар.
Покрај Фили, една од највеселите била и Брена. -Добредојде. Ајде да се сакаме. Среќна жена, напиша таа на својот Инстаграм профил и објави фотографија од забавата во друштво на пријателки.