Имено српските медиуми на големо пишуваат дека идната свекрва Лепа Брена, нејзините синови и сопруг отпатувале за Тајланд, но пејачката останала на аеродромот.
Инаку на аеродромот на Александра и соопштиле дека станува збор за проблеми со нејзината виза и дека нема можност тој проблем да се реши во тој момент и дека мора да се обрати во амбасада.
-Сите се среќни и подготвени за семејниот одмор, откако пристигнаа на аеродромот на Александра и рекоа дека има проблеми со визата и дека не може да отпатува. Прво таа мислела дека некој се шегува со неа, а откако сфатила дека само таа не може да отпатува започнала да самата да се смее, открива извор близок до пејачката.
Сепак во текот на денот таа го решила проблемот.
-Веднаш била во амбасада така што за многу брзо време ќе им се придружи и пејачката, додава изворот.
Инаку семејството освен во Тајланд ќе отпатува и на Малдивите каде што сите ќе поминат некое време.