Пред две недели на интернет почна да кружи една по малку шокантна фотографија. Има две слики од мексиканскиот напаѓач Хавиер Хернандез Чичарито. Првата е направена во јануари 2020 година кога пристигна во САД, а втората е официјалната клупска фотографија за оваа сезона. Трансформацијата е навистина неверојатна.
Чичарито на втората фотографија изгледа многу постаро. Подуени и големи очни капаци, а има и изгубено голем дел од неговата коса. Фановите шпекулираат за што точно се работи. Не се знае дали ова е само лоша фотографија, „нагло стареење“ или некоја здравствена состојба која не ѝ е позната на јавноста.
Во интервју за мексиканските медиуми, видно уморниот и остарениот Чичарито раскажа тажна семејна приказна која може да објасни зошто толку нагло „пропаднал“. Тој рече дека се развел од партнерката која ги земала двете деца со неа.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
– Не сакав да го знаат тоа, но да, тоа се двете суштества кои најмногу ги сакам во мојот живот. Би сакал работите да бидат поинакви. Многу е тешко да се биде подалеку од вашите деца. Не го покажував тоа, но овие две години луѓето говорат и озборуваат за мене дека сум лош татко, иако немаат поим, бидејќи ништо не сум објавил на социјалните мрежи, па како ќе знаат дали сум добар татко или не, рече Чичарито.
„Но, да, доживеав многу болка и страдање“, додаде тој, по што заплака.
View this post on Instagram