среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Лоба во солзи поради војната во Украина: Македонската пејачка со руски корени не можеше да престане да плаче во утринската програма

Лоба во солзи поради војната во Украина: Македонската пејачка со руски корени не можеше да престане да плаче во утринската програма

Македонската поп пејачка, Викторија Лоба, во понеделникот гостуваше во утринската емисија на Телма, во која зборуваше за проектите на кои моментално работи.

При крај на разговорот, водителот Ненад Ѓорѓиевски ја спомена и ситуацијата со војната во Украина, на која Лоба не можеше да остане рамнодушна.

Пејачката е родена во Русија и живеела таму до својата 8-ма година, па затоа не можеше да ги задржи солзите поради случувањата помеѓу двата словенски народи.

„Јас сум со огромна желба за мир, за разбирање помеѓу сите народи. Сакам да кажам дека народот треба да биде обединет, не треба да нè одделуваат, без разлика дали се работи за различни народи и националности. Треба да го доживееме тоа единство во нас и кога ќе се случи тоа, нема да може ниту еден политичар да нè скара“, изјави Лоба, која со склопени раце и со солзи во очите се помоли за мир во светот.

Најнови вести