Полицијата не сака да ми помогне, ве молам помогнете ми некако, многу сум уплашена и вака веќе не можам да живеам. Вака низ солзи по телефон ни рече хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова, која со години има проблем со соседот, кој со семејството исто така се појавува во документарецот.
Неколку пати до сега низ разговор Атиџе раскажала дека има проблеми со него, но поради неговите деца не сакала конкретно ништо да превземе. Но, овој пат, како што вели за mms.mk, веќе не може да издржи бидејки се плаши за сопствениот живот и мора да ја каже маката сега, додека не е предоцна.
-Јас сум во Бекирлија, заедно со брат ми, кој е болен, и само соседот е тука. Нема никој друг. Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејки ми е страв од него. Колку е постар толку е по невозможно веќе да се комуницира со него. Сите викаат не е нормален ама не може тоа така. Ми го бутна ѕидот кај што ја чувам кравата, за да ми избега. Па ако избега кравата јас со кои пари после пак ке купам крава. Му реков зошто го правиш ова. А тј кога скокна накај мене да ми се дере, јас се уплашив многу. Еден ден ќе ме убие и никому ништо. Се јавив во полиција во Свети Николе и тие ми викаат дојди тука. Абе како да дојдам, тие ме прашуваат ли мене дали имам пари да отидам од Бекирлија до таму. И уште знаеш што ми рече полицајката: Вие сте Турци, како брат и сестра,ќе се смирите. Ако така ми вика како јас да објаснам дека ми е страв од него, дека не е прв пат. Сум го пријавувала досега многу пати но, полицијата ќе дојде, ќе го опомене и толку. Не се живее веќе вака во страв. Апелирам да ми се помогне, бидејќи не се живее веќе вака. Луѓе ми викаат остави го не е со сите. Епа ајде и јас да извадам документ дека не сум со сите и да ги малтретирам лугето. Од ден на ден се полош и полош, ни раскажа Атиџе низ солзи.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.