Познатата српска фолк пејачка Тања Савиќ има сестра Билјана, која за разлика од неа избрала да живее поинаков живот далеку од јавноста.
Имено, Билјана води дискретен живот, а од неодамна повторно живее со Тања и нејзините синови во Смедерево, па пејачката одвреме-навреме споделува заедничко видео или фотографија со неа.
Тања и Билјана изгледаат многу слично, па неретко се случува да ги збунат луѓето, а музичката ѕвезда повеќе пати изјавила дека нејзината сестра и е најголемата поддршка во животот.
„Мојата среќа, мојата радост. Мојата најголема поддршка. Сестра“ – сподели еднаш Тања на социјалните мрежи.
А дали навистина толку личат една на друга и која е поубава, односно која повеќе ви се допаѓа, одлучете сами.