Мајли Сајрус призна дека нејзината мајка, Тиш, повторно е одговорна за тревата. Пејачката ја прекинала штетната навика пред една година, за да ја задржи “главата чиста”, но очигледно пушењето марихуана е дел од системот на вредности на нејзиното семејство.
26-годишната ќерка на пејачката Били Реј Кир во неколку наврати изјави дека користи лесни дроги. Сега таа откри дека мајка и е причината повторно да почне да пуши, но тоа го правела само кога нема работни ангажмани.
Поп-ѕвездата, која стана позната по учеството во серијата на Дизни “Хана Монтана”, вели за весникот The Sun: “Од време на време пушам. Мајка ми ме враќаше назад кон тревата. Но, кога работам, не користам марихуана, бидејќи сакам да бидам интелигентна и способна колку што е можно “.
Минатата година, во септември, изведувачката на хитот “Wrecking Ball” рекла дека запрела со тревата за да си ја среди мислата, бидејќи забележала дека лесните дроги ѝ влијаат лошо на енергетските нивоа и ѝ ја попречуваат способноста да работи на максимум.
Тогаш свршеницата на актерот Лиам Хемсворт рече: “Тревата ме лишува од енергија, а јас навистина сакам да бидам максимално чиста, кога работам.”
Во мај 2017-та пак русокосата призна во шоуто на Џими Фалон дека “никој никогаш не пушел толку многу трева како мене.”
Откровението на Miley дека мајка и ја турка кон дрогата доаѓа откако неодамна таа изјави дека се обидува да остане позитивна, и покрај катастрофалното губење на својот дом во пожарот во Малибу минатиот месец.