Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ш.Д.(35) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 14.03.2023 во Кичево било сопрено патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од пријавениот, и при извршен преглед, била пронајдена и одземена марихуана.