СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Б. (23) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 09.06.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „мерцедес“, во кое бил пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.