За разлика од нејзините две сестри, Богдана и Бојана кој веќе основаа семејства, љубовниот живот на Наташа Родиќ до неодамна беше вистинска мистерија.
Долго се шпекулираше дека таа е во врска со Јован Пејиќ, синот на пејачката Злата Петровиќ што очигледно неа не и сметаше, штом не демантираше, пренесуваат српските медиуми.
Таа на гласините им возврати објавувајќи фотографија како се држи со машка рака, по што се беше повеќе од јасно дека станува збор за синот на пејачката поради истиот часовник.
Сепак, овој пат мајката на сестрите, Даниела се огласи и откри детали од врската на нејзината ќерка, но со друго момче непознато за јавноста.
-Секако дека го запознав момчето на Наташа, тој е фино момче, долго време се заедно. Беа заедно дури и за свадбата на Вељко и Богдана, раскажала Даниела.
Таа открила и дека се вика Матија и дека е од Подгорица.
-Двајцата започнаа да се забавуваат во 2017 година, но имаа доста прекини. Официјално месец дена се повторно заедно, вели таа.
Инаку Матија го има истетовирано и името на Наташа на својот бицепс во 2020 година, а со тоа покажал и дека таа е жената на неговиот живот, истакнала мајката на Наташа.