Македонската фолкерка Сузана Гавазова во чекор со светската мода.
Неодамна, Сузе се спореди со латино дивата Џенифер Лопез односно пејачката најде фотографии од себе и Џеј Ло на која се облечени во иста модна комбинација, па своите следбеници ги запраша на која подобро и стои.
По оваа паралела, Гавазова деновиве повторно со спореди со уште една светска ѕвезда, односно со Ники Минаж.
Имено, пејачката објави фотографија од 2018 година на која е облечена во бела маица и корсет, а до својата фотка „залепи“ и фотографија од Ники Минаж која е облечена во сличен стајлинг како и македонската пејачка.
„Ники или јас“, напиша Гавазова покрај објавата.