среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Македонската пејачка го покажа синчето и објави емотивна порака: Секогаш се прашував…

Македонската пејачка го покажа синчето и објави емотивна порака: Секогаш се прашував…

Македонската пејачка и учесничка во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ пред повеќе од еден месец станаа родители.

Пејачката е активна на социјалните мрежи и често споделува фотографии од нејзиното семејство, но сега за првпат после 40 дена од раѓањето на нејзиниот син Максим, одлучи да објави и фотографија на која се гледа и лицето на бебето.

„Веќе помина 40 дена…. Секогаш се прашував како времето лета кога луѓето се среќни, радосни, полни со љубов. Те чекав цел мој живот, фантазирав за твоите очи и најубавата насмевка на светот.  Кога првпат ми се насмеа застана целиот свет. Чудесна насмевка, така ја нареков. Насмевка која ја лекува мојата душа, моето тело и срце. Насмевка која ми дава сила. Насмевка која ме мотивира. Ти благодарам што не одбра нас да ти бидеме родители“, напиша Еелена во опис на фотографијата на која позира со синчето.

Најнови вести