среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Македонската пејачка на „Ѕвездите на гранд“ се омажи со познатиот музичар – парот направи сопствена песна за првиот свадбен танц (ФОТО)

Македонската пејачка на „Ѕвездите на гранд“ се омажи со познатиот музичар – парот направи сопствена песна за првиот свадбен танц (ФОТО)

Mладата македонска пејачка Мими Јовановска од Велес публиката ја запозна по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде остави фантастичен впечаток со своите извонредни вокални извдби.

Откако пред речиси една година таа се сврши, кога нејзиното момче, познатиот музичар Филип Нуне на раката и го стави вереничкиот прстен, викендов Мими и Филип го кажаа судбоносното ДА и ја направија својата свадбена веселба.

Иако невестата потекнува од Велес, по невеста се одело во Скопје, од заедничкиот стан во кој Мими и Филип веќе живеат, од каде тргна и целата церемонија… А како поинаку ако не со музика и свирачи!

Заклетва пред Бога на вечна љубов млафдите дале во црквата Св. Димитрија лоцирана преку Камениот мост, на влезот во Старата скопска чаршија.

Свадбената веселба во еден од напознатите и најатрактивни скопски локали во центарот на градот, каде најблиските, роднините и пријателите на младите и нивните семајства ја прославија венчавката.

Првиот танц на младите е најатрактивен и секогаш се очекува со нетрпение.

Изборот на песната, изведбата, споделените емоции… Во случајов на двајцата музички професионалци – беспрекрно!

Имено, Мими и Филип за овој момент од нивната свадба одлучиле да создадат своја песна. Сопствена музика, стихови, аранжман, па песната самите ја отпеала Мими, ја снимиле и… Еве ја нејзината премиера на нивната свадба. Изведена во живо, отпеана и отсвирена од нив двајцата за првиот свадбен танц!

Пејачката со микрофонот во едната рака, музичарот со свјата труба… И секако, заедничка прегратка при танцовите чекори како за почеток на свадбената веселба со останатите гости.

А кога некој професионалец се мажи или жени, музичар или пејач(ка), сеедно тогаш мора да е повеќе од весело. Ако пак во муаиката се и обајцата, тогаш неизоставна е и песната, во случајов од грлото на невестата и свирката, овој пат со звуците на трубата на младоженецот.

За музичка поддршка разбирливо, кој друг ако не колегите… И тоа најдобрите. Џамбо и неговата весела дружина, за расположението да кулминира, а невестета оро да поведе и чочек да заигра!

А зетот, да покаже дека не е навикнат само бакшиш да прима, туку и бакшиш да дава, кога се работи за среќата на „негова глава“!

Ако се познати младоженците, логично е на свадбата меѓу останатите гости да има и познати лица… Естрадни новинарки, пејачки, музичари…

А тука е и неизоставната невестинска торта, да се подели за слободните да ги „фати маја“, па наскоро да се случи она… „И на нивна глава“!

Се’ на се’, Мими Јовановска и Филип Нуне повеќе не се момче и девојка, туку отсега и официјално се брачна двојка. Нека се среќни, вечни и… многудетни!

Најнови вести