четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Марко откри: Многу наскоро свадба со Луна Џогани

Марко откри: Многу наскоро свадба со Луна Џогани

Популарниот српски пар, Марко Миљковиќ и Луна Џогани наскоро официјално ќе станат сопружници.

Марко ја запроси Луна во септември минатата година, а свадбата неколку пати ја одложуваат поради пандемијата со коронавирусот.

Парот, кој својата врска ја започна во реално шоу, го очекува и своето прво дете. Луна треба да се породи до 15-ти јуни кога и е крајниот термин, а очекуваат девојче за кое веќе објавија дека ќе се вика Миа.

Марко во едно телевиско гостување, на воодушевување на големиот број нивни обожаватели, а користејќи ја играта „топло-студено“, истакна дека е многу топло до нивната свадба. Посочи дека наскоро ќе бидат познати повеќе детали околу нивното стапување во брак.

Најнови вести