четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Меган Маркл откри дека го изгубила детето: Додека го држев првото, знаев дека го губам второто

Меган Маркл откри дека го изгубила детето: Додека го држев првото, знаев дека го губам второто

Меган Маркл денес откри дека имала спонтан абортус по селењето во САД. Сопругата на принцот Хари вели дека го изгубила второто дете откако почувствувала „силен грч“ во стомакот додека му ја менувала пелената на синот Арчи.

Во денешниот „Њујорк Тајмс“, Меган опишува дека во јули и се слошило додека била во домот во Лос Анџелес. Додава дека најтешко и било да го гледа принцот Хари како тагува, додека и самата била распарчена.

-Откако му ја сменив пелената на Арчи, почувствував остар грч. Седнав на подот држејќи го него во рацете, пеејќи му приспивна песна за двајцата да се смириме. Веселата мелодија беше целосен контраст од моето чувство дека нешто не е во ред, напиша Меган.

Меган, Хари и Арчи

Во рубриката „Загуби кои ги споделуваме“, таа додава:

“Додека го држев своето првородено дете, знаев дека го губам второто.“

-Неколку часа подоцна лежев во болнички кревет, држејќи го сопругот за рака. Ја чувствував топлината на неговата дланка, а тој ми ја бакнуваше раката кја беше мокра од нашите солзи. Гледајќи во студените бели ѕидови, очите му засветкаа. Се обидов да замислам како ќе се излекуваме, завршува Меган.

Најнови вести