понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Меган мора да ја направи оваа голема жртва поради бракот со принцот Хари

Сега таа е подготвена да влезе доброволно под закрилата на Англиската црква поради својот иден споруг. Маркл и Хари ќе се венчаат на 19 мај во капелата „Сент Џорџ“ во замокот „Виндзор“. 
Меган мора да ја направи оваа голема жртва поради бракот со принцот Хари

Меган Маркл која наскоро ќе стане сопруга на принцот Хари, ќе ја смени својата религија. Досега таа беше католик, а нејзиниот сопруг од првиот брак е јудеист.

Сега таа е подготвена да влезе доброволно под закрилата на Англиската црква поради својот иден споруг. Маркл и Хари ќе се венчаат на 19 мај во капелата „Сент Џорџ“ во замокот „Виндзор“.

Британскиот принц Хари и свршеницата Меган Маркл поканија повеќе од 2.600 ггости на нивната свадба. Меѓу гостите во замокот ќе бидат луѓе кои работат во добротворни организации, ученици и граѓани. Тие ќе го проследат доаѓањето на невестата и младоженецот на церемонијата. Идејата е луѓето исто така да се почувствуваат дел од прославата.

Маркл има намера да стане британски државјанин, но ќе го задржи американското државјанство, додека не добие британско.

Готската капела „Сент Џорџ“ се наоѓа во дворецот „Виндзор“ – семејниот дом на британските кралеви и кралици од близу 1000 години. Во параклисот се гробовите на десетмина монарси, вклучувајќи на Хенри Осми и третата сопруга Џејн Симур, и на Чарлс Први.

Најнови вести