Милица Павловиќ важи за една од најзгодните и најатрактивни пејачки во регионот, па каде и да се појави знае да го привлече вниманието, како и со својот секси изглед и така и својата енергија.
Изминатиот викенд, Павловиќ имаше настап во Македонија односно во Штип каде што направи атмосфера до „плафон“.
Шармантната пејачка со својата енергија успеа да направи забава за паметење, но и да добие бакшиш.
Имено, додека ја пееше песната „Папи, папи“, момче од публиката ја „накити“ пејачката 5 000 евра.