четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Милица Павловиќ: „Не би имала проблем да признам дека сакам жени“

Милица Павловиќ: „Не би имала проблем да признам дека сакам жени“

Милица Павловиќ од почеткот на својата кариера ја интригира јавноста кога станува збор за нејзиниот љубовен живот.

Имено, се зборуваше дека секси сењорита е обратна односно дека ја превлекуваат жени, па наводно имала и тајна врска со неколку од нив.

Павловиќ вели дека би признала доколку тоа е вистина.

– Не би имала проблем да признам дека сакам жени. Љубовта е нешто најубаво на светот. Важно е да сакате. Лошо е да бидете емотивно хиндекепирани и ограничени, тешко е кога некој не знае да сака. Љубовта е тука за да се шири во секој облик, изјави Павловиќ.

Таа откри како се чувствува и поради написите во кои ја поврзуваа со разни мажи.

– Откако сум на сцената медиумите ме поврзуваат со разни мажи и девојки. Многумина се обидеа да ме провоцираат и да напишат дека сум во врска со некој девојка, вели Милица.

– Можев да најдам некој маж и да го претставам како момче и со тоа да ги демантирам гласините. Одбрав да молчам и да не реагирам на работите кои ме повредуваат, туку трудот и кариерата да зборуваат за мене, вели Милица за „Информер“.

Потсетуваме, Павловиќ неодамна беше уловена во друштво на Николас Савељиќ, а тоа беше повод веднаш да се зборува дека тој е момче на пејачката. Таа не ги коментираше овие пишувања, а како што пишуваат српските медиуми, Милица и Николас се заедно повеќе од една година, но само вешто се криле од јавноста.

Најнови вести