Рада, бабата на Милица Павловиќ ја загуби животната битка по долга борба со Алцхајмеровата болест. Дедото на Милица почина пред година ипол, а пејачката ја пресели баба си од семејниот дом во геронтолошкиот центар во Белград.
Милица е родена во Швајцарија, но на само три месеци, кога нејзините родители се развеле, таа се преселила каде што живееле нејзината баба Рада и дедо ѝ Владимир. Пејачката порасна со нив, тие ја чуваа и ја воспитуваа, а секогаш истакнуваше дека имала среќно детство и дека тие и биле најголемата поддршка.
Дедото на Павловиќ почина пред година и пол, а сега таа остана без својата мила баба за која беше многу приврзана. Рада во последните години станала дементирана, а потоа и била воспоставена Алцхајмерова болест. Милица неодамна и самата зборуваше на оваа тема, па откри дека болеста е сериозна и дека родената баба – не ја препознава.
Милица на својот профил објави емотивна порака со која се збогува со својата баба.
View this post on Instagram