Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама откри дека пред 20 години имала спонтан абортус и дека таа и поранешниот американски претседател Барак Обама, ги зачнале своите две ќерки со вештачко оплодување.
Мишел опишала како парот се борел со неплодноста во своите мемоари кои наскоро ќе излезат. Дел од книгата е посветен на почетокот на врската и бракот со Барак и нејзиниот тежок пат до мајчинството.
-Се покажа дека иако се работи за двајца кои сакаат да станат родители и имаат голема љубов, не можат да зачнат дете, напишала Мишел.
Кога најпосле останала бремена, по неколку недели има спонтан абортус.
-Се чувствував изгубено и осамено. Имав чувство дека јас сум таа која е виновна, бидејќи не знаев колку абортусите се чести, за нив не разговараме, вели поранешната прва дама во интервју за ABC.
Во продолжението од книгата открива дека третманите против неплодноста и овозможиле да го зачне своето прво дете, Малија, а потоа и Саша.
-Мислам дека најлоша работа која ние жените си ја правиме една на друга е тоа дека не ја делиме вистината за нашите тела и како тие функционираат или нефункционираат, заклучува Мишел Обама.