сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Му роди ќерка, а на погреб не му отиде: Овој човек ѝ беше сопруг на Неда Украден, важеше за легенда во својата професија! (ФОТО)

Му роди ќерка, а на погреб не му отиде: Овој човек ѝ беше сопруг на Неда Украден, важеше за легенда во својата професија! (ФОТО)

Познатата пејачка Неда Украден е со децении присутна на јавната сцена, но за нејзиниот приватен живот многу малку се знае.

Неда има една ќерка, Јелена, која ја добила во бракот со реномираниот режисер Милан Билбија.

Се запознале кога таа била едвај полнолетна. Нивната врска траела десет години, но во брак издржале едвај три години.

Билбија починал пред седум години, а пејачката иако не му беше на погребот, пред неколку години се присети преку фотографија на нејзиниот поранешен сопруг со кого била во одлични односи.

„Човекот кој најмногу ја сакаше својата ќерка, Јелена, мене и морето. Мојот поранешен не е меѓу нас веќе пет години“, напиша Неда пред неколку години.

Во едно новогодишно ТВ-шоу откри и дали повторно би застанала пред олтар:

„Да го немам овој памет, можеби да. Ама пробав, видов, не ми одеше, сфатив дека на тој терен нема што да барам, дека ќе бидам несреќна. На почеток сите се полни со разбирање, сите се вљубуваат во онаа интригантност која ја пласираме на малите екрани, убави сме, згодни сме, атрактивни и полни со еротика. И потоа следува реалноста, вистинскиот живот и почнува драмата. Најчесто завршува со докажување и суета, па затоа и не функционира“, го раскажа Неда сопственото искуство со мажите.

Најнови вести