среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Му роди син на Роналдо, па реши да ја врати невиноста – поранешната девојка на легендата сака да се омажи како девица во црква (ФОТО)

Му роди син на Роналдо, па реши да ја врати невиноста – поранешната девојка на легендата сака да се омажи како девица во црква (ФОТО)

Поранешната девојка на легендарниот бразилски фудбалер Роналдо реши да направи хименопластика за да си ја врати невиноста и потоа да може да се венча во црква како девица.

Мишел Умезу не беше „јавна“ девојка на легендарниот Зуба, туку повеќе афера од која се роди синот Александар Роберт, што поранешниот напаѓач на Барселона, Реал, Интер и Милан го призна дури во 2010 година.

Умезу е една од најпознатите женски бодибилдерки која на почетокот на септември беше оперирана за да и ја врати невиноста.

Сега таа тврди дека сака да се омажи како девица.

– Можам да имам секс само ако се омажам во црква. Сè уште не ја најдов вистинската личност. Барам маж со истата цел и желба како и јас. Не се срамам да признаам, навистина го сакам тоа – изјавила Мишел, а пренесува шпанска „Марка“.

Исто така, таа признала дека поради кариерата како бодибилдер користи хормони поради кои чувствува недостаток на желба за секс и дека долго време нема никој покрај себе.

Најнови вести