Емина Јаховиќ по разводот од Мустафа Сандал и врската со турскиот милионер Садетин Саран не излегува од насловните страници на турските таблоиди.
Иако преку социјалните мрежи и адвокатот се брани од разни напади и гласини, пејачката ќе мора да се одлучи дали сака да започне заеднички живот со новиот партнер, на што тој инсистира.
Емина стравува од реакциите на Мустафа, бидејќи се повеќе ги има по медиумите, поради што Мустафа, како што јавуваат локалните медиуми, е полуден бидејќи наводно поранешната сопруга му го валкала образот.
Од друга страна, ни Седетин не сака да попушти, па ја сака Емина покрај себе. Таблоидите пишуваат дека на богаташот се повеќе ми пречи тоа што тие двајца живеат одвоено. Јаховиќ и Саран извесно време ќе поминат надвор од Турција во надеж дека на тој начин страстите во јавноста ќе се смират, а веројатно после тоа ќе се вселат и во заедничка куќа.
Некои тврдат дека Емина се уште не е подготвена на таков чекор, а токолку тоа се случи ќе било само поради големиот притисок кој милионерот го врши.