вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

На аукција се продаваат парчиња свадбени торти- од нивната вртоглава сума ќе останете без текст

На аукција се продаваат парчиња свадбени торти- од нивната вртоглава сума ќе останете без текст

По повод венчавката на Принцот Хари и Меган Маркл која ќе се одржи на 19 мај во јавноста возбудата се повеќе расте.

По тој повод една аукциска агенција ќе одржи аукција на која ќе бидат понудени пет парчиња торта од кралските свадбените прослави стари со децении.

Како што наведуваат светските медиуми ќе бидат понудени прачиња торта од свадбата на Чарлс и Дијана како и од венчавката на принцот Вилијам и Кејт.

На аукцијата закажана за 23 јуни во Лас Вегас цената за парче торта се очекува да достигне од неколку стотици се до неколку илјада долари.

Па така на пример парче торта од венчавката на Чарлс и Дијана која се одржала на 29 јули 1981 година ќе чини од 800 до 1.200 долари.

Додека пак парче торта од венчавката на принцот Вилијам и Кејт од 2011 година ќе чини околу 600 или 700 долари.

Инаку оваа аукциска куќа објави дека парче торта од венчавката на Кејт и Вилијам во 2014 година било продадено за неверојатни 7.500 долари.

Најнови вести