Бруклин Бекам, синот на фудбалскиот ас Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, наводно, потпишал предбрачен договор пред неговата венчавка со богатата наследничка Никола Пелц, закажана за овој викенд.
23-годишниот Бруклин и 27-годишната актерка треба да се венчаат на 9 април, а медиумите пренесоа дека забавата ќе чини 3 милиони фунти (5,3 милиони долари).
Имајќи предвид дека богатството на нејзиниот татко Нелсон е многу поголемо од на родителите на Бруклин, доколку парот се разведе, нивниот сопствен имот ќе биде заштитен.
View this post on Instagram
Според „Мејл он сандеј“, богатството на родителите на Бруклин, Дејвид и Викторија, е проценето на 380 милиони фунти, а на таткото на идната невеста, Нелсон Пелц, на 1,3 милијарди фунти.
View this post on Instagram
Веста за потпишувањето доаѓа во екот на подготовките за церемонијата и забава, вредна 3 милиони фунти, во замокот на семејството Пелц во Палм Бич, Флорида.
View this post on Instagram