петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Наташа Беквалац откри од кого го доби мистериозниот подарок и кому порача дека го сака (ФОТО)

Наташа Беквалац откри од кого го доби мистериозниот подарок и кому порача дека го сака (ФОТО)

Откако српската пејачка Наташа Беквалац доби букет прекрасни рози како роденденски подарок, целиот регион се прашуваше кој е мистериозниот маж кој ја изненади за нејзиниот 39. роденден?

Токму овој подарок таа го издвои од останатите, додека пораката која ја навела во опис на фотката, изненади многумина.

„Те сакам“, кратко и јасно напишала пејачката, без да наведе повеќе детали.

Медиумите, како и социјалните мрежи веднаш почнаа да пишуваат и беа преплавени со претпоставки за можниот џентлмен, шпекулирајќи дали има и кој е новото момче на русокосата пејачка?

За да не ги држи во неизвесност, Беквалац се огласи на социјалните мрежи и ги замолча љубопитните!

„Букетот го добив од мајка ми и татко ми, a пораката „те сакам“ ја напишав, затоа што истата ја пишува и на мојот ѕид. Момче не ми треба ниту на слика, така што… без паника“, напишала Беквалац.

Најнови вести