Без многу противење беше „приведена“ пејачката Наташа Беквалац и однесена на сослушување!
Поп ѕвездата се согласи да одговори на сите јавни обвинувања во новата емисија на порталот „Информер.рс“ која ја нарекоа „На сослушување“!
Секоја недела од први март само на овој портал информер.рс и на нивниот канал на youtube ќе се емитува оваа емисија.
Како што најави овој портал, секоја недела „ќе приведуваат“ познати личности на информативен разговор со цел од прва рака да дознаат дали обвинувањаат кое се шират по градот се вистинити.
Прва која прифати е Наташа Беквалац без никакво противење, а што таа одговори ќе се дознае на 1 март.
„Дали е вистина дека крие еден брак“, „Колку и на кого му должи пари“…