сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Наташа Беквалац со новата објава ги збуни фановите: Подготвува нешто убаво, но се соочува со банкрот!

Наташа Беквалац со новата објава ги збуни фановите: Подготвува нешто убаво, но се соочува со банкрот!

Поп ѕвездата Наташа Беквалац им откри на фановите дека подготвува уште еден голем проект поради кој, како што вели, најверојатно ќе банкротира.

Нејзините следбеници на Инстаграм претпоставуваат дека ова е најава за нов албум, а Наташа призна дека еден ден се што и се случува во животот може да биде ставено на хартија или на пишана книга.

-Некогаш ќе кажам сè, можеби во книга, можеби на штиците што живот значат, можеби на филм, има толку многу начини во уметноста… Не за од себе да правам супер жена или да се преправам дека сум важна туку да покажам дека ако можам јас, можете и вие дами мои… Некогаш кога сакам да се одморам. Сега го немам тој луксуз, напиша Наташа.

-Морам повторно да ги облечам панталоните и да се затегнам посилно од било кога. Се надевам дека наскоро ќе пресечам и ќе ви ги кажам убавите вести за музиката. Единствено што ме дели од тоа е одлуката, помирувањето со уште еден банкрот и тоа што ќе спијам само по неколку часа дневно, напишала пејачката.

Таа откри дека можеби еден ден ќе го претвори животот во пишан збор, драма или филм и на тој начин ќе им покаже на жените дека можат се!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Најнови вести