петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Наташа Беквалац e разочарана: Мајка ми е постојано незадоволна од мојата голотија

Наташа Беквалац e разочарана: Мајка ми е постојано незадоволна од мојата голотија

Жешката новосадска поп-пејачка Наташа Беквалац, која неодамна настапи во Македонија, никого не остава рамнодушен. Дури ни својата мајка, која многупати знае да се скара со неа поради голем број причини. Неодамна нејзината мајка изјави дека јавно преку весниците ќе се откаже од неа доколку таа пак стапи во брак.

– Дефинитивно е јасно дека мојата ќерка не е за брак – кусо изјавила грижливата стара мајка. Набрзо потоа Наташа, во една ТВ-емисија, се појави речиси гола, „облечена“ само во „мрежест“ еротски фустан, кој одлично ја разладува на овие горештини. Фустанот беше така „скроен“ што сè ѝ се гледаше на Наташа.

По тој повод, реакциите на нејзината мајка беа многу разочарувачки. Пејачката не беше потресена, дури и ладнокрвно ѝ возврати:

– Таа е постојано незадоволна од мојата голотија. Невозможно е да ѝ го сменам мислењето!

Најнови вести