Сопругата на Кевин Костнер поднесе барање за развод по 18 години брак, но изгледа дека парите не се во прашање.
Парот потпишал предбрачен договор, а Кристин Баумгартнер не бара алиментација, туку само заедничко старателство над децата.
Костнер е секако еден од најистакнатите актери во Холивуд во моментов. Покрај филмовите, активен е и во серии, а неодамна беше награден и за улогата во серијата „Yellowstone“.
Сепак, имаше неколку помали скандали околу серијата, бидејќи актерот барал голема сума пари за договорот, сума која сега може да оди кај неговата, наскоро поранешна сопруга.