Пејачката Катарина Грујиќ на 2 јуни ќе се венча со својот сопруг, фудбалерот Марко Гобељиќ со кого веќе ја имаат ќерката Катја.
Пејачката за српските медиуми открила дека тоа ќе биде посебен ден за неа и дека купила дури три венчаници кои ќе ги промени во текот на денов, како и тоа дека таа и фудбалерот воопшто не се штеделе за оваа пригода.
-Ништо не ме прашувајте, ќе видите дали ќе бидам многу нервозна или не. Немам трема, минатата година имавме граѓански брак, можеби лани тремата беше поголема, бидејќи бев бремена. Сега остана црквата и големата забава. Едвај чекам, спремив три венчаници, се е готово, торта, декорации, единствено гостите ни се проблем, некои ги додаваме, некои ги одземаме, така да тоа е можеби најголемиот проблем. Кога ќе дојде тој ден, мислам дека се ќе биде совршено, открила пејачката.
View this post on Instagram
Таа додала дека за музиката е задолжен Софренијевиќ и сите нејзини колеги секако ќе го земат микрофонот по малку ќе запеат.
-Храната ќе биде на шведска маса, ќе има и за вегетаријанци и риба и месо и салати, еднаш се мажам и последен пат, порача Грујиќ.
View this post on Instagram
На крајот од изјавата таа додала дека сето тоа полно чини не сакајќи да ја открие сумата издвоена за оваа венчавка.