Пејачката Емина Јаховиќ денес важи за една од најубавите дами од естрадата, а за нејзиниот изглед на почетокот на кариерата многу се шпекулира.
Емина се појави на градски настан, а сите забележаа дека целосно се променила.
Имено, пејачката доста се подмладила, а како што пренесуваат медиумите, таа пред да дојде во Србија посетила клиника каде наводно правела јаболчници, ги затегнала очните капаци, вбризгала ботокс во лицето и го освежила со најновата метода – хијалуронска киселина.
Покрај тоа, Јаховиќ си ја осветли косата, па изгледа барем 10 години помладо.
Она што е сигурно е дека Емина на почетокот на кариерата изгледала сосема поинаку.
Пејачката го промени личниот опис со пластична операција, а првото барање го имаше на 21 година и тоа беше единствената интервенција за која јавно проговори.
– Кога сме кај операциите, дојде време да ви кажам и да ги потврдам од прва рака сите работи поврзани со истите, а кои вие не ги знаете. Во животот не сум направила пластична операција, освен носот, кој првпат го оперирав на 21 години. На 14 години не можев да направам операција, бидејќи коските на лицето сè уште се развиваа, па морав да чекам. Тоа го направив на 21 година, напишала Емина пред неколку години на Твитер и негираше дека имала интервенција на усните.
– Моите усни се сосема природни и полни – додаде тогаш таа.