недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Не можам да престанам да плачам, бидејќи мојот Дејан повеќе го нема

Српскиот актер Жика Тодоровиќ деновиве можеби ги живее најлошите денови во неговиот живот откако го загуби својот три годишен син Дејан кој почина во сон.
Не можам да престанам да плачам, бидејќи мојот Дејан повеќе го нема

Но актерот освен своето дете неодамна има преживеано уште две големи трагедии во своето семејство, прво го загуби таткото, па својата тетка.

Синот на актерот кој бил настинат и пиел антибиотици почина завчера во сон во својот дом, а кога неговата мајка сакала да го разбуди тој не реагирал.

-Не може да престанам да плачам бидејќи мојот Дејан повеќе го нема. Тој нас ни беше се во животот, вели Ана за српските медиуми.

Но таа и својот сопруг Актерот Жика преживеаја уште една трагедија во 2014 година кога ненадејно почина таткото на актерот, исто така славниот актер Боро Тодоровиќ.

Тој не посредно пред смртта се оперирал од слепо црево, а подоцна паднал во кома и починал. Внукот на актерот тогаш имаше само три месеци.

Освен ова уште една трагедија се случила во семејството на актерот, починала неговата тетка исто така позната актерка.

Имено актерката Мира Ступица минатата година имала мозочен удар  и докторите не успеале да и го спасат нејзиниот живот.

Најнови вести