Српската пејачка на која речиси сите и ги знаат хитовите денеска објави тажни вести дека починала нејзината мајка.
Мајката на пејачката Мина Костиќ која ја посвоила кога таа имала само пет години долго се борела со болеста, а денеска за жал починала.
Инаку пред оваа смрт, пејачката го загубила и својот татко на кого ќе му посвети и песна, а јавноста неодамна ја дозна и најтажна приказната за тоа како ја загубила нејзината сестра.
Имено нејзината сестра се удавила во вода додека двете биле многу малечки, а сето тоа го криела далеку од очите на јавноста.
-Таа е многу напатена. Доживеала голема трагедија кога била малечка, за тоа никогаш нема сила да зборува. Ја загуби сестрата откако таа се удавила во вода, а пред две години почина и нејзиниот татко која многу го сакаше, тоа ја уништи…, ова неодамна го изјави близок пријател на пејачката за српските медиуми.
Оваа тајна сепак пејачката неодамна ја потврди и откри дека една од сестрите и се удавила кога имала 13 години.