После скоро година дена пејачката Емина Јаховиќ ја раскина врската со милионерот Седатин Саран пред неколку денови, а за причината за нивното раскинување многу се шпекулираше изминативе денови.
Сега пејачката и официјално се огласи за емисијата „Ексклузивно“ и признава дали се кае во врска со раскинувањето.
– Секако дека не се каам за ништо, секоја врска и однос има свој крај, јас потполно сум во мир со тоа, вели Емина.
Таа додава дека сега исклучиво ќе биде насочена само кон работните планови.
-Се чувствувам многу добро и морам потполно да работам и да се концентрирам на својата работа. Ништо не може да ги промени моите планови освен здравјето кое сега го имам и внимавам на истото и моите деца се добро, искрено одговори пејачката.