петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Неверојатна понуда за Мадона: 3 милиони за час и половина, еве каде треба да настапи

Таа треба да се појави во вечерните часови и да одржи шоу од час и половина.
Неверојатна понуда за Мадона: 3 милиони за час и половина, еве каде треба да настапи

Кралицата на светската поп сцена Мадона, доби понуда да направи спектакл на свадба на кинески милијардер во Шангај за неверојатен износ.

Милијардерот имал огромна желба Мадона да биде присутна па за нејзиниот настап е подготвен да плати 3 милиони долари, пренесува ТМЗ.

Од неа се очекува на свадбата да се појави во вечерните часови и да одржи шоу од час и половина.

Младите имаат само едно барање од пејачка, доколку ја прифати понудата, а тоа е да имаат целосна слобода сами да го состават репертоарот на хитови кои Мадона би ги пеела.

Менаџерите на Мадона оваа понуда ја оставиле отворена додека таа самата не одлучи дали ќе ја прифати или не.

Најнови вести