Популарниот музичар Елтон Џон направи инцидент на концертот во Лас Вегас во четвртокот.
Тој на бината повика фанови, кои го допираа додека свиреше на клавирот по што се изнервира и си замина.
„Гонете се“, почна да довикува пејаџот на еден фан, кој не престана да го допира.
На крајот му покажа среден прст, стана од столчето и се оддалечи од клавирот, додека бендот во позадина продолжи со свирење, а публиката вчудоневидно гледаше на сцената.
Елтон Џон ги повикува фановите на бина на секој негов концерт, а по овој инцидент изјави дека ќе прекине со тоа.
„Се уништивте“, изјави тој пред да ја започне следната песна.