Пејачката Емина Јаховиќ е меѓу првите личности од јавната сцена која вградила прстен околу желудникот и тоа ни повеќе ни помалку уште пред 10 години, бидејќи се плашела да не се здебели, пишуваат српските медиуми.
Во тој период во Србија не било популарно вградувањето на прстен на желудникот со кој за кратко време се доаѓа до идеалната тежина.
Пејачката тој зафат го направила во тајност, но српските медиуми по десет години ја откриле големата тајна на пејачката.
По оваа операција таа продолжила и со естетските операции на себе по што најмногу корекции има направено на своето лице со што таа речиси не се препознава од младоста па се до денес.
Инаку на овој тренд имуни не останаа ниту Ана Николиќ и Дарко Лазиќ.