Во Белград денеска е основано друштво во чест на српскиот актер и пејач Маринко Маџгаљ каде освен неговите колеги присуствуваше и неговата мајка Мирјана.
Таа беше многу горда на Маринко, а овој пат за прв пат проговори за смртта на својот син.
-Не проаѓа ден да не помислам на него. Го обожуваше Белград и Котор, тоа беа неговите градови. Кога и да отидеше некаде јас му се јавував и му говорев: „Сине дојди ти спремив сарми“. Обожуваше да јаде сарми. Мојот син беше чиста љубов и среќа. Сега ја имам неговата ќерка за кого живеам, таа е прекрасна и оди на балет, вели таа.
Таа низ солзи додава дека ги избрала сликите за ново отворениот локал.
-Тоа е мојата најдрага фотографија, јас ја избрав. Тој секое утро ми се јавуваше мене и ми говореше каков убав ден е денес. Тој секогаш се радуваше на сонцето и на новиот ден, вели мајката на актерот.