четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нов скандал: Познатиот актер обвинет за силување и злоставување на колешка

Нов скандал: Познатиот актер обвинет за силување и злоставување на колешка

Францускиот актер Жерар Депардје (69) е сослушан во полициска станица во рамки на истрга која се води по обвинувања на актерка дека била силувана и сексуално вознемирувана од него, соопштиле полициски извори.

Депардје е осомничен дека на 19 август годинава, силувал млада актерка во нејзиниот дом во Париз.

Актерот бил сослушан во полиција, но не му бил одреден притвор.

Актерката, чие име не е соопштено, пријавила дека Депардје  сексуално ја злоставувал во нејзиниот дом во Париз.

-Жерар Депардје апсолутно негира било каков напад или силување, изјавил за Франс прес неговиот адвокат Ерве Темим и додал дека е уверен оти ќе се потврди невиноста на неговиот клиент.

Најнови вести